Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Штутгарт, Саша Калајџиќ, пренесува „Кикер“.




Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, меѓу кои и ПСЖ, па Баерн сака да ја победи конкуренцијата.




Баварците се во потрага по нов напаѓач кој ќе биде наследник на Левандовски, а Калајџиќ ги одбил сите понуди од заинтересираните клубови бидејќи сака трансфер на „Алијанц Арена“.