Играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу се повреди пред вчерашниот натпревар со Торино, а денес му беа направени детални лекарски прегледи.
Чалханоглу се здоби со повреда на коленото, па „росонерите“ стравуваа дека може да дошло до кинење на вкрстените лигаменти. Меѓутоа, денешните прегледи покажаа дека не станува збор за тешка повреда.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Станува збор само за мало воспаление на коленото, па турскиот репрезентативец наскоро ќе се врати во тренажен процес.
Чалханоглу сигурно ќе го пропушти мечот против Беневенто овој викенд, но ќе биде спремен за следниот меч.