Дома Трансфер зона Познатиот новинар тврди: Пеп добива засилување од Неапол за 48 милиони евра!

Познатиот новинар тврди: Пеп добива засилување од Неапол за 48 милиони евра!

Италијанските медиуми пишуваат дека работата е договорена.

Познатиот новинар Клаудио Русо тврди дека се е готово и дека играчот за врска на Наполи, Жоржињо се сели во редовите на Манчестер Сити.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Како што се наведува Наполи од трансферот на Жоржињо ќе заработи 48 милиони евра, но таа сума би можела да биде и поголема доколку се исполнат одредени бонуси од договорот.

Познато е и колку 26 годишниот ќе заработува во редовите на „граѓаните“. Годишната плата ќе му изнесува 4.5 милиони евра.

Манчестер Сити за Жоржињо би бил трет клуб во кариерата после Верона и Наполи.

Да потсетиме, „граѓаните“ неодамна останаа без Јаја Туре, па од Жоржињо се очекува да ја пополни празнината во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…