Еден од најпознатите италијански агенти, Џузепе Боцо лансираше вистинска трансфер „бомба“ која би требало да се реализира во јануарскиот преоден рок.
Боцо е еден од најпознатите европски агенти и во интервју за „Тутоспорт“ истакна дека со новите правила на УЕФА трансфер пазарот во јанури ќе биде многу поинтересен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, според новото правило клубовите ќе имаат можност во јануари да пријават по двајца нови фудбалери во Лига на шампиони и Лига Европа, иако истите веќе настапувале за други клубови во европските натпреварувања.
„Со новото правило на УЕФА трансфер пазарот во јануари ќе биде вистински и ќе бидеме сведоци како големи фудбалски имиња ги менуваат клубовите“, изјави Боцо, кој потоа откри кој би можел да биде назвучен трансфер.
„Мислам дека Рабио сигурно ќе ја промени средината во јануари. Неговиот договор со ПСЖ истекува на лето и одбива да го продолжи. По тоа што го знам јас, Рабио ќе пристигне во Италија во јануари. Милан е фаворит пред Јувентус за неговиот потпис“, изјави Боцо.