ЕХФ денес ги одреди термините за осминафиналните мечеви во Лигата на шампионите, каде Вардар ќе ги одмери силите со Пик Сегед.
Актуелниот шампион Вардар првиот натпревар со Пик Сегед ќе го игра пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Натпреварот во Скопје е закажан за 22 март со почеток од 17 часот, додека реваншот е една недела подоцна, на 29 март во Сегедин во истиот термин.
Осминафинални парови:
Вардар – Пик Сегед
Висла Плок – Веспрем
Целје – Киелце
Динамо Б. – ПСЖ
Алборг – Порто
Монтпелје – Фленсбург
Фото: РК Вардар