Дома Фудбал Познати деталите за вербалната расправија помеѓу Суарез и Габриел: Фудбалерот на Валенсија со ШОКАНТЕН одговор на провокацијата

Познати деталите за вербалната расправија помеѓу Суарез и Габриел: Фудбалерот на Валенсија со ШОКАНТЕН одговор на провокацијата

Барселона синоќа во првиот полуфинален меч во рамки на Купот на Кралевите, на домашен терен славеше над Валенсија со 1:0, а единствениот гол на мечот го постигна Луис Суарез.

Уругвајскиот напаѓач синоќа беше во свој елемент, а покрај тоа што ја затресе мрежата на гостите, успеа да влезе и во вербална расправија со дефанзивецот на Валенсија,к Габриел Пулиста. Габриел и Суарез разменија по некој збор, а играчот на Валенсија откри што се случувало.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Имено, Суарез прв го започнал вербалниот судир откако на Габриел му рекол дека е „цагон“, што во превод значи кукавица. Габриел одлучил да му одговори на Уругваецот, а сигурно Суарез не очекувал таков одговор.

„Ми кажа дека сум цагон, а јас нему му реков дека е добар играч и дека мислам дека е најдобриот напаѓач на светот“, истакна Габриел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…