Јувентус и Пауло Дибала сигурно ќе се разделат на крајот на сезоната, а трката за неговиот потпис веќе започна.
Дибала и Јувентус не можеа да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката, па Аргентинецот ќе замине како слободен агент на лето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека фаворит за потписот на Дибала е Атлетико Мадрид.
Симеоне е голем симпатизер на играта на Дибала и веќе имал разговор со него, па смета дека ќе биде идеален како наследник на Суарез.
Дибала е спремен да ја прифати понудата на „јорганџиите“ и кариерата да ја продолжи во шпанска Примера.