Дома Топ вести Познат новинар открива: Халанд се договори со Манчестер Сити

Познат новинар открива: Халанд се договори со Манчестер Сити

Иако се шпекулираше дека Халанд е најблиску до Реал Мадрид, сепак последните информации се дека Манчестер Сити е фаворит за неговиот потпис.

Новинарот Рафа Алманас од „Ел Чирингито“ откри дека добил информации дека Халанд ја прифатил понудата од Манчестер Сити.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено,  „граѓаните“ на Халанд му нудат неделна плата од 600.000 евра, односно 31 милион евра годишно, со што би станал најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Алманас тврди дека од доверливи извори дознал дека Халанд ја прифатил понудата на Сити и ќе се пресели на „Етихад“ на лето.

„Човекот кој беше во Марбеља со Алфи Халанд, таткото на Ерлинг, ми кажа дека веќе се е договорено и дека ќе оди во Манчестер Сити. Тие постојано играат голф, многу зборуваат за фудбалот и соопштено му е дека Ерлинг ќе оди кај Гвардиола“, откри Алманас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…