Вчера стана јасно дека германската Прва Бундеслига ќе биде првиот голем шампионат што ќе се продолжи по пандемијата од коронавирус. Германската фудбалска лига го закажа рестартирањето на елитното првенство во земјата за 16 мај.
Германците решија да ја изиграат сезоната до крај, а натпреварот од 26 коло ќе се игра на 16, 17 и 18 мај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во сабота ќе се соочат Борусија Дортмунд-Шалке, Лајпциг-Фрајбуг, Хофенхајм-Херта, Фортуна Дизелдорф-Падерборн, Аугсбург-Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт-Борусија Менхенгладбах.
Ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Келн и Мајнц, како и Унион Берлин – Баерн Минхен, а колото ќе заврши во понеделник со мечот Вердер Бремен – Баер Леверкузен.
Познати се и датумите на натпреварите од 27 до 34 коло, а целиот распоред може да го видите ТУКА.