Фудбалските клубови ширум светот се соочија со потешкотии во функционирањето од моментот кога натпреварувањата се стопирани поради пандемијата на коронавирус, па се стопираа и приходите.
Поради ваквата ситуација белгискиот клуб Локерен беше принуден да прогласи банкрот по 97 години постоење.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Причина на банкротот е долг од пет милиони евра, а Локерен не успеа на време да ги пријави тие пари, па поради тоа згасна.
„За жал, не успеавме да најдеме инвеститор во дадениот рок, иако имавме бројни обиди“, рече Де Врис, претседател на двократниот освојувач на белгискиот Куп.
Локерен е основан во 1923 година, неколку пати играл и во европските купови, а во 2019 година испадна од елитната белгиска лига. Во Локерен имаат настапувано нашите интернационалци, Ертан Демири ,Горан Мазнов, Бобан Јанчевски и Бесарт Абдурахими.
??????????
— 101 Great Goals (@101greatgoals) April 20, 2020
Belgian club Sporting Lokeren declare bankruptcy https://t.co/TwKSIdA1Cz