Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе има шестмесечна позајмица во италијански Милан, пренесува Газета дело Спорт.
Тој во петокот истакна дека не е тајна дека од Милан го посакуваат назад, и дека имал намера да им се заблагодари бидејќи по Барселона му ја вратиле насмевката на лицето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Ибрахимовиќ игра одлично од заминувањето во ЛА Галакси, и тимот не е подготвен да го продаде. Позајмица од друга страна, би било опција која ќе ги задоволи обете страни.
Кај Американците во тек е плеј-офот кој набрзо ќе се заврши, по што следи пауза до март и почетокот на новата сезона, па Ибрахимовиќ во натпреварувачки ритам ќе продолжи со екипата до јуни.
Се зависи од тоа во каква форма ќе биде Ибрахимовиќ, колку Милан во јануари ќе биде подготвен да понуди, но и колку далеку ќе отиде во Европа. „Ибракадабра“ како што се наведува договорил шестмесечен договор вреден 2,2 милиони евра, па Милан во случај на позајмица би платил толку.
Газета потсетува дека своревремено сличен потег направи и Англичанецот, Дејвид Бекам. За потсетување, Галакси оваа сезона останаа надвор од плеј-офот бидејќи беа седмопласирано во американската МЛС Лига.