Фудбалерите на Челзи го совладаа Вотфорд 4:3 во натпревар од 28.коло во Премиер лигата. Овој меч се одигра подоцна поради настапот на Челзи во полуфиналето во ФА купот.
Избраниците на Антонио Конте, со вистинска голеада, заедно со своите навивачи ја прославија шампионската титула, шеста во историјата на клубот, а петта откако сопственик е Роман Абрамович.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Инаку, шампионскиот пехар на Челзи официјално ќе му биде врачен в недела, кога на домашен терен ќе го пречека Сандерленд.