Дома Топ вести Погледнете како Јуве ќе ги потроши парите од ЛШ: Првото засилување е од Барселона

Погледнете како Јуве ќе ги потроши парите од ЛШ: Првото засилување е од Барселона

Јувентус повторно е во финалето од Лигата на Шампионите, но за разлика од последното финале пред две години, сега во борбата за титулата не игра против Барселона, туку со Реал Мадрид.

Клубот од Торино е најголемиот губитник во финалињата од најголемото европско натпреварување. До сега играше во осум финалиња, а славеше само во две, последниот пат уште од 1996 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со пласманот во финалето Јувентус ќе заработи околку 110 милиони евра, а со евентуален триумф против Реал Мадрид на 3. јуни во Кардиф ќе заработи уште неколку милиони повеќе. Во Торино поголемиот дел од тие пари ќе се потрошат на нови засилувања.

Веќе се знае кој е првиот фудбалер кој ќе го доведе Јувентус. Матија Де Шиљо пристигнува од Милан. Станува збор за дефанзивец кој на „Сан Сиро“ е уште од 2002 година, а од Милан побарал трансфер во Јувентус. Тешко е да се верува дека Милан ќе се обиде да го задржи до крајот на договорот кој му истекува следната година, бидејќи така би останале без надоместокот што може да го добие од Јувентус ова лето, па ќе го продаде за 12 милиони евра.

Неговото доаѓање ќе биде само вовед за многу поголеми имиња. Италијанските медиуми отрија дека нивниот шампион ова лето ќе оди на шопинг во Барселона и Минхен.

Играчот за врска на Барселона, офанзивецот на Баерн

Заинтересирани се за играчот на Барселона, Андре Гомеш. Јувентус се обидуваше да го доведе и минатото лето, по Европското првенство, но Португалецот ја избра Барселона и погреши. На „Камп Ноу“ го сметаат за едно од најголемите промашувања во нивната историја, но неговата лоша сезона не ги загрижи многу Италијанците кои не се откажуваат од него.

Втората голема желба е Даглас Коста од Баерн. Во него, менаџерот Масимилиано Алегри ја гледа долгорочната замена за Марио Манџукиќ кој италијанскиот менаџер го користи на крилната позиција.

Се спомнуваат и Алексис Санчез (Арсенал), Хамес Родригез (Реал Мадрид), Дрис Мертенс (Наполи) и уште многу звучни имиња кои би можеле да се преселат во Торино ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…