Дома Фудбал Погледнете го голот на Галено во 94. минута со кој му пресуди Арсенал

Погледнете го голот на Галено во 94. минута со кој му пресуди Арсенал

Порто на домашен терен изненадувачки го победи Арсенал со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Тоа беше лош натпревар во кој речиси и да немаше вистинска шанса, а на крајот Бразилецот Галено ги шокираше Англичаните со прекрасен гол во четвртата минута од судиското надополнување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Домашното крило ја прими топката по левата страна, се сврте кон голот, ја намести, а потоа целосно нечуван упати кон спротивниот агол за шокантни и конечни 1:0.

Ова беше 31-ви настап за Галенo во сезоната, сметајќи ги сите натпреварувања. Постигна осум и асистираше девет гола, а особено е расположен во Лигата на шампионите. Имено, во елитното натпреварување тој четири пати беше стрелец, а три пати асистент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…