
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе донесе конечна одлука за својата иднинина, тврдат француските медиуми.
Договорот на Погба истекува наредната година и треба да даде конечен одговор пред раководството на Јунајтед дали е спремен да стави потпис на нов договор.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Од „Олд Трафорд“ сакаат да го задржат 28-годишниот Французин и му нудат нов договор. Доколку не ја продолжи соработката, „црвените ѓаволи“ ќе го стават Погба на продажба.
Најсилен интерес за него покажува ПСЖ, па Погба во следните денови ќе донесе конечна одлука – дали ќе остане во Манчестер или ќе се пресели во Париз.