Дома Топ вести Погба преговара со „најконтроверзниот“ тим во Европа?

Погба преговара со „најконтроверзниот“ тим во Европа?

Францускиот играч за врска Пол Погба ќе се врати на терените оваа пролет откако му беше намалена суспензијата од четири години.

Сепак, како што стојат работите нема да остане во Јувентус кој донесе одлука да не смета на него и наскоро ќе го раскине договорот по што Французинот ќе биде слободен во изборот на новата средина.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Meѓутоа Погба секако е интересен за други клубови, се споменуваа Саудиска Арабија и МЛС како опција, но сега се појави опција и да остане во Европа.

Како што пишувааат француските медиуми Погба веќе извесно време е во контакт со челниците на Олимпик Марсеј, кои како да избираат да ангажираат контроверзни фудбалери.

Мејсон Гринвуд, Нил Мопеј, па дури и Адриен Рабио, кој некогаш ги бранеше боите на омразениот Пари Сен Жермен, веќе имаат контроверзно минато, па затоа со Погба може да се каже дека би биле „најконтроверзниот“ тим во Европа, но и тим кој сигурно има потенцијал за добри резултати.

Пред да се врати на терените на Погба ќе му биде дозволено да започне со клупски тренинзи од јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите разочарани: Ваков сендвич на стадионот на Вест Хем се продава по 14 евра 📸

На интернат страницата „Foot Food“ може да се пронајде разна храна која се продава на стад…