Дома Топ вести Погба паѓа од тронот – нов „Галактико“ за нов трансфер рекорд?

Погба паѓа од тронот – нов „Галактико“ за нов трансфер рекорд?

Изгледа веќе нема никакви пречки за Реал Мадрид, парите од проджбата на Алваро Мората и Хамес Родригез ќе бидат вложени во купувањето на фантастичниот напаѓач и чудото од дете од Монако – Килиан Мбапе.

Имено, во Мадрид не успеаја да го убедат Мората, кој практично се договори со Манчестер Јунајтед за цена од 70 милиони евра, а следен е Хамес Родригез кој на крајот би можел да заврши во Челзи. Со парите од овие трансфери, Реал може да го плати она што го бара Монако. Звучи неверојатно, но во прашање се 140 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа ќе биде нов светски трансфер рекорд, петти за Флорентино Перез, после оние со Фиго, Зидан, Роналдо и Бејл.

Мбапе ќе го заземе местото на Мората во тимот, а други големи трансфери за Реал нема да има. Веќе е доведен Тео Ернандез како алтернатива за Марсело, а би можел да стигне уште еден млад стопер како замена за на долг период, после заминувањето на Пепе.

И тоа е тоа, Верати е дефинитивно невозможна мисија, а Зидан нема интерес за некои други играчи, задоволен е од сегашниот тим кој ја освои шпанската и ја одбрани европската фудбалска клупска круна.

Нема ни договор за продажба на Бејл, вест која се провлекуваше некое време по медиумите, но ни за доаѓање на нов голман. Имено, и играчите, но и Зидан, сметаат дека Кејлор Навас како прв голман е одлично решение.

Но, којзнае, Перез може да изненади. Во секој случај, Мбапе е единствена трансфер мета засега и Реал е спремен, како што рековме, да вложи огромна сума пари во чудото од Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …