Дома Фудбал Англија Погба не запира – после Челзи испрати нова провокација до Мурињо

Погба не запира – после Челзи испрати нова провокација до Мурињо

Пол Погба вчера беше централна фигура во дербито од ФА Купот против Челзи и со гол и асистенција обезбеди победа на „црвените ѓаволи“.

Под водство на Солскјер и додека Мурињо беше на клупата Погба е сосема друг играч, а многумина ќе кажат дека Французинот во овие моменти го игра најдобриот фудбал во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Погба е вистински лидер на теренот учествува во креирањето акциите, асистира, погодува…

Од доаѓањето на Солскјер на клупата Погба на 12 натпревари постигна девет погодоци и запиша шест асистенции, а беше избиран и седум пати за играч на натпреварот.

После натпреварот со Челзи Погба даде изјава која многумина ќе ја сфатат како провокација до Жозе Мурињо.

„Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш играме на победа. Солскјер дојде тука затоа ѓто знае дека може да ги оствари своите замисли и ние го поддржуваме и во целост му веруваме. Одигравме одлично против Челзи, запишавме уште една тимска победа, нормално дека сме задоволни. Кога Оле верува во нас, ние веруваме во него и му возвраќаме со играта на теренот.

Тимот ми помага да бидам подобар и да го давам најдоброто од себе. Во овие моменти буквално уживаме на теренот“, изјави Погба.

И ова не е прв пат Погба кој беше во лош однос со Мурињо помеѓу редови да испрати порака до поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед.

https://www.youtube.com/watch?v=VL5k4JgcC_I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…