Пол Погба поради повреда пропушти голем дел од оваа сезона, па истакна дека едвај чека да се врати на терените.
Французинот е при крај со рехабилитацијата и требаше да се врати на терените, но првенството беше стопирано поради пандемијата со коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба тренира и ја одржува физичката форма, па едвај чека да продолжи првенството за да се врати на терените.
„Сега веќе можам да тренирам и да се движам со топка. Многу долго време бев исфрустриран но сега сум тука, размислувам само за тоа да се вратам на тренинг и заедно со мојот тим да продолжиме да напредуваме“, изјави Погба.
„Не знам дали луѓето знаат што точно се случи. Го повредив стапалото на почетокот на сезоната. Таа повреда ја влечев долго време, тренирав и се обидував да играм така. После тоа дознав дека дошло до фрактура, па морав да одам на операција. Сега конечно повредата е зад мене и се чувствувам добро“, истакна Французинот.