Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е спремен да слушне понуди и од други англиски клубови бидејќи неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на лето.
Договорот на Погба со Јунајтед истекува на крајот на сезоната и засега нема индикации дека ќе биде продолжен, па готово сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се тврди дека ПСЖ, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се главни кандидати за неговиот потпис, но сега медиумите откриваат дека Погба е спремен да потпише за друг клуб од Премиер лигата.
Французинот сака да ги слушне апсолутно сите можности, пред да донесе конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Англиските медиуми тврдат дека градскиот ривал Манчестер Сити ќе се обиде да направи сензационален трансфер, а интерес за Погба покажува и Арсенал.