Дома Топ вести Погба доби изненадувачка понуда

Погба доби изненадувачка понуда

Пол Погба константно се поврзува со заминувње од Манчестер Јунајтед, па се чини дека ова лето Французинот конечно би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Во последните месеци Погба најчесто се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус, а се споменуваше и можен трансфер во ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денес италијанскиот весник „Тутоспорт“ лансираше „бомба“ и тврди дека за потписот на Французинот се вклучил и милански Интер. „Нероаѕурите“ сакаат да го ангажираат Погба и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Интер е во одлични односи со Манчестер Јунајтед и во изминатите месеци донесе четворица фудбалери од Олд Трафорд, па наскоро сака да испрати понуда и за Пол Погба.

После лошата сезона полна со поведи цената на Погба драстично падна, па Интер се надева дека ќе може да го купи Французинот за сума помеѓу 90 и 100 милиони евра.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…