Шпанското обвинителство ги повлече обвиненијата кон Нејмар по делото за измама за неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.




Бразилската ѕвезда даде исказ пред две недели. Тој изјави дека не се сеќава дека учествувал во преговорите кои доведоа до договор со Барселона во 2011 година, две години пред неговиот трансфер на „Камп Ноу“.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ова е сериозен пресврт во позицијата на обвинителството кое бараше пресуда од 2 години затвор и казна од 10 милиони евра, а сега го повлече обвинението.




Тоа става крај на долгогодишната сага поврзана со трансферот на Нејмар, а под обвинение беа и родителите на Нејмар и компанијата која ги имаше неговите финансиски права.
Promotoria espanhola retira acusações de corrupção e fraude contra Neymar – https://t.co/wbWz0gm95a pic.twitter.com/rNOmvJ0Scc
— Agência Lusa (@Lusa_noticias) October 28, 2022