Дома Фудбал Лига на шампиони Повик до англиските клубови: Бојкотирајте го финалето во ЛШ ако се игра во Русија

Повик до англиските клубови: Бојкотирајте го финалето во ЛШ ако се игра во Русија

Mинистерката за надворешни работи на Англија, Лиз Трус испрати повик до премиерлигашите да го бојкотираат финалето во Лигата на шампионите доколку нема промена и тоа остане да се игра во Русија во Санкт Петербург.

Во овие моменти затегната е ситуацијата меѓу Русија и Украина, па затоа стигнуваат реакции од повеќе страни. Според најавите Европската куќа на фудбалот би требало на 4. мај да донесе конечна одлука дали Санкт Петербург ќе остане домаќин.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ако јас би била на место на клубовите би го бојкотирала финалето ако тоа се игра во Русија. Сите добро знаат што прави режимот на Путин во моментов, па затоа не би сакала да играм фудбал во Санкт Петербург“, изјави Турс.

Останува да се види дали ќе има реакција од клубовите, а во ЛШ во овој момент учествуваат четири англиски клуба: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи. Не е познато каков е нивниот став, меѓутоа барем за Челзи е познато дека со Роман Амрамович на чело тешко дека ќе биде донесена таква одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…