Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.
Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа одигра уште еден фантастичен меч и беше избран за играч на натпреварот против Фиорентина.
Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.
Малдини наскоро ќе започне преговори со Челзи за да го договори начинот на плаќање и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.
23-годишниот дефанзивец исто така е спремен да остане во Милан и да потпише 5 –годишен договор.
📰 Tomori is ready to sign a five-year contract https://t.co/eXndjuFV81
— Milan Reports (@MilanReports) March 20, 2021