Баерн Минхен дефинитивно нема да го откупи договорот на Фелипе Кутињо, потврди Карл-Хајнц Румениге.
Бразилецот минатото лето после долги преговори премина на позајмица во Баерн за која германскиот тим плати 8.5 милиони евра, но неговиот мандат во германскиот клуб не поминува баш најдобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Опцијата за откуп истече и сигурно нема да ја искористиме. Сега наша цел е да ги комплетираме плановите за наредната сезона и ќе видиме дали тогаш ќе биде во нашите планови“, изјави Румениге додавајќи дека откуп може да има само ако Барселона драстично ги намали барањата за оштета.
По оваа изјава на Руменигер во јавноста во Германија се шпекулира дека Баерн донел одлука парите да ги вложи во Лерој Сане кој и понатаму е прва мета. Кога во прашање е Кутињо не се очекува да остане во Барселона, а како најреална дестинација се споменуваше Англија.