Повратникот во Манчестер Јунајтед би можел веќе во јануари да го напушти клубот.
Враќањето на Дин Хендерсон не ги промени работите во Манчестер Јунајтед. Де Геа дури и го подигна нивото во последниот месец ипол. Шпанецот минатата сезона добиваше критики, но оваа сезона е на препознатливото ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Враќањето на Хендерсон изгледа имаше добро влијание врз шпанскиот голман. Хендерсон имаше одлична сезона во Шефилд и кога се врати во овој преоден рок во Јунајтед се очекуваше да брани повеќе, но тој забележа само еден меч во Лига Европа и тоа во поразот од Башакшехир (2:1). Пред тоа настапи само на два дуели од Лига Купот, во Премиер лигата нема настап.
Младиот голман поради таквата ситуација поднел барање за промена на средината веќе во јануари. Неговата цел секако е да оди во клуб каде што ќе биде стандарден за да се надева на повик во репрезентацијата за Европското првенство кое следи ова лето.
Ќе видиме како ќе реагираат во Јунајтед, продажба изгледа не е опција, па Хендерсон веројатно ќе оди на нова позајмица.