Победа оствари триумф во рамки на денешниот меч од ПМФЛ против Вардар.
На тешкиот терен на игралиштето во Могила, прилепчани успеаја со голот на Илиески да ги однесат трите бода, и да му го нанесат вториот пораз на „црвено-црните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот дел не донесе многу возбудувања, со оглед на тоа дека шанси имаше многу малку и на двете страни.
Првата закана ја имаше Дејан Блажевски во 2. минута, меѓутоа неговиот обид оди само крај голот на Победа. Во 31. минута Џигаури упати удар, прецизен, но тоа е млако да се изненади Талески кој лесно одбрани.
Далеку подинамично и повозбудливо беше второто полувреме во кое што Победа се стекна со водство и го задржа до крајот на натпреварот. Во 60. минута Цветаноски се обиде, но Гачевски успеа да одбрани. Во 63 и 64 минута две шанси за Вардар преку Фелипе и Итало, меѓутоа завршницата беше лоша, и непрецизна.
На останатите дуели, Скопје и Академија Пандев ремизираа 1:1, Работнички славеше против Пелистер 2:0, Шкендија на домашен терен беше убедлива против Шкупи 4:1 и Силекс и Ренова одиграа без погодоци 0:0.