По поразот од Струга Трим Лум (0:2) екипата на Шкупи го отпушти тренерот Мухамер Бајрами.
На Бајрами добро му одеше на почетокот на сезоната, Шкупи стигна до втората позиција, но неуспехот против Струга беше причина да добие отказ од раководството. Клубот му се заблагодари и му посака се најдобро во понатамошната тренерска кариера.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во овој момент Шкупо по 7. коло се наоѓа на втората позиција со 13 освоени бодови, четири помалку од Шкендија која е лидер.
Засега нема најави кој би можел да го наследи Бајрами.