Дома Македонски спорт Мак фудбал По поразот од Силекс Пелистер се раздели со Зоран Штерјовски

По поразот од Силекс Пелистер се раздели со Зоран Штерјовски

Пелистер вчера запиша пораз во ПМФЛ од Силекс, а по овој пораз клубот го раскина договорот со Зоран Штерјовски.

Битолскиот тим гледаа спас во Штерјовски, меѓутоа резултатите не му одеа во прилог на 45 годишниот стратег.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Пелистер му се заблагодари на Штерјовски за професионалната работа и му посака успех во понатамошната кариера. Како привремено решени за тренер на првиот тим на битолчани е назначен првиот асистент Димитар Калинковски.

На победа во ПМФЛ Пелистер чека од септември кога ја победи Беласица, во овој момент клубот се наоѓа на деветтата позиција со две победи, шест нерешени натпревар и пет порази.

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…