Легендата на Арсенал, Тиери Анри не имаше премногу успех во својата прва самостална работа како тренер на Монако.
Доби отказ по само три месеци, но денеска се појави вест дека добил нова понуда за работа. Наводно, селекторот на Белгија, Роберто Мартинез му понудил на Анри да се врати на местото негов помошник во селекцијата на Белгија.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тоа е функцијата која Французинот ја работеше пред да добие шанса самостојно да го води Монако. Тој имаше одличен однос со играчите на Белгија и Мартинез сака да го врати во овој стручен штаб.
Сепак, Анри се уште не донел одлука. Наводно најголем проблем претставува неговата несигурност, бидејќи не знае дали сака да чека самостојна работа или да работи во стручниот штаб на репрезентацијата.