Српскиот стопер Никола Максимовиќ се наоѓа на „радарот“ на Рома, пренесува утрово „Газета дело Спорт“.
Рома вчера доживеа вистински дебакл од Удинезе и беше поразена со 4:0. Рик Карсдроп изгледаше катастрофално, но и остатокот од одбраната не беше ништо подобар. Поради тоа Жозе Мурињо сака да доведе засилување во последната линија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Преодниот рок е завршен, па „специјалниот“ може да бара само фудбалери кои немаат клуба. Од нив на врвот на листата желби наводно е Максимовиќ кој е слободен агент. Овој фудбалер се доведуваше во врска и со Црвена Звезда, меѓутоа од тоа не испадна ништо.
Покрај Максимовиќ Рома го следи и Џејсон Денајер на кого му заврши договорот со француски Лион.