Дома Топ вести По 16 години се изборија за европски натпревари, па УЕФА ги исфрли

По 16 години се изборија за европски натпревари, па УЕФА ги исфрли

Иако на теренот го изборија, навивачите на Осасуна нема да уживаат во европскиот фудбал затоа што УЕФА изрече санкција и ги исфрли од квалификациите за Конференциската лига.

Тимот од Памплона по 16 години дојде до можност да игра европски натпревари, но сепак тоа нема да се случи. УЕФА на официјалниот сајт потврди дека ја исфрла Осасуна поради вмешаност во местење натпревари во сезоната 2013/2014. Пласманот на седмата позиција за Осасуна беше најдобар во последните 11 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Осасуна најави желба, меѓутоа не се очекува да има промена на одлуката. Според најавите местото на Осасуна би требало да го пополни Атлетик Билбао кој сезоната ја заврши на осмата позиција.

„Силна со слабите и слаба пред силните“, порачаа од клубот, алудирајќи на клубови кои претходно ги прекршувале правилата, па не биле казнувани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…