Екипата на Шкупи денеска во скопското дерби славеше убедлива победа од 3:0 против Вардар на стадионот во Чаир.
Имаше Вардар свои шанси во натпреварот, ја погодуваше и пречката, меѓутоа не може да се каже и дека Шкупи не заслужи да победи. По првите 45 минути мрежите мируваа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домаќините го отворија резултатот по десетина минути игра во вториот дел кога Дуду се запиша во листата на стрелци. Веќе во 68-та минута Кристијан Трапановски зголеми на 2:0. Четири минути пред голот на Трапановски, Ристовски од редовите на Вардар заработи исклучување, па и тоа имаше влијание на резултатот.
Мрежата на Гачевски ја погоди и Гронер во 77-та минута. Се играше 81-та минута црвен картон заработија и домаќините, меѓутоа веќе немаше време Вардар да се врати во натпреварот.
На табелата во овој момент Шкупи е второпласиран со 51 бод колку што има и Струга, додека шкендија е трета со 45.
Во вториот натпревар кој се играше денеска во истиот термин Тиквеш и Силекс ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1. Тиквеш со голот во 54. минута имаше предност се до завршницата, но тогаш гостите во третата минута од судиското продолжение дојдоа до бод.