Денес во рамките од македонското фудбалско првенство беа одиграни пет натпревари.
Изненадување прирерди Шкупи кој славеше победа против лидерот на табелата Шкендија. Единствениот гол на натпреварот кој се покажа како одлучувачки го постигна Бајрами во 30-тата минута од натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар не успеа во целост да го искористи овој кикс на Шкендија и одигра само 0:0 на гости против Беласица.
Академија Пандев го победи Работнички со 1:2 и така стигна до втората позиција на табелата каде што има ист број на бодови со Вардар, 39. Шкендија е прва со осум бода повеќе.
Головите за „пандевци“ ги постигнаа Дориев од пенал во 45-тата минута и Миловановиќ во 90-тата. Жунињо во петтата минута од судиското продолжение ги постави конечние 1:2.
Во останатите два натпревари Ренова и Македонија Ѓ.П одиграа 0:0, Силекс славеше против Победа на свој терен со 1:0.