Актуелниот лидер на табелата Струга Трим Лум за првпат оваа сезона не успеа да слави победи во еден прволигашки натпревар. Во деветото коло Струга ремизираше во Ѓорче против „лавовите“ 1:1.
Првото полувреме од натпреварот не донесе скоро ништо, се што видовме, видовме во вториот дел. Шабани го отвори резултатот и донесе предност за Струга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Набрзо по тој гол Македонија Ѓорче Петров остана со играч помалку. Токму по тоа исклучување на Лемос Македонија како да започна да игра подобро, започнаа да се создаваат шанси пред голот на гостите.
Во една таква прилика добија и пенал, сепак Ермендин Адем не го реализираше. До бод Македонија Ѓорче Петров стигна со голот на Филип Алексовски кој влезе од клупата за резерви.
Со ова реми Струга стигна до 25 бодови со кои ќе остане лидер на табелата, во Ѓорче стигнаа до деветиот бод после осум натпревари.