Дома Фудбал Платата на Кутињо и прави проблем на Барса?

Платата на Кутињо и прави проблем на Барса?

Иако сите се сложуваат дека Фелипе Кутињо ќе биде одлично засилување за Барселона, доаѓањето на Бразилецот може да предизвика и проблеми.

Имено, Барселона има се поголеми трошоци за плата на своите фудбалери, а кога тука ќе се додаде и онаа на Кутињо, заработката на играчите ќе покријат 87% од буџетот на клубот. Тоа е далеку повеќе од предвидените 55%-70%, процент кој клубот само го одредени, но и сигурна граница дека ќе останат во рамките на ФФП.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


За платата на Бразилецот Барселона годишно ќе издвојува помеѓу 20 и 25 милиони евра. Кога на тоа ќе ги додадеме примањата на останатите фудбалери, Барселона во овој момент е чеврти спортски колектив по висината на плати кои во просек изнесуваа осум милиони евра по сезона, а пред Каталонците се само клубовите од НБА, Оклахома, Кливленд и Голден Стејт.

Кога се фудбалските клубови во прашање Барселона плаќа најмногу, а зад Каталонците се ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, екс…