Како што веќе известивме, најсериозен кандидат да го замени Гонзало Игуаин во Милан е полската „гол машина“ од Џенова, Криштоф Пијатек.
Се поизвесно е дека Игуаин ќе се пресели во Челзи во зимскиот преоден рок, па Милан веќе ја започна потрата по негов наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв на листата желби е напаѓачот на Џенова, Криштоф Пијатек. „Спортмедиасет“ пренесува дека 23-годишниот Полјак веќе им кажал ДА на „росонерите“ и ги одбил сите останати понуди.
Причината за тоа е што во Милан му нудат загарантирано место во првиот тим и да биде во центарот на изградбата на новиот проект.
Меѓутоа, Џенова за неговата слобода бара 50 милиони евра, а Милан има проблеми со Финансискиот фер-плеј и е под закана за суспензија од УЕФА. Поради тоа директорот Леонардо сака да се обиде да договори позајмица со задолжителен откуп.