Дома Фудбал Италија Пирло: Роналдо погреши и мора да превземе одговорност

Пирло: Роналдо погреши и мора да превземе одговорност

Јувентус во сабота од 18:00 часот и гостува на Сампдорија во рамките од 20. Коло во Серија А.

Бранителот на титулата заостанува седум бодови зад водечкиот Милан (со натпревар помалку), но „старата дама“ е во добра форма и очекува да ја победи Џенова.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Сампдорија е одличен тим кој е во добар период. Секогаш е тешко да се игра против тим кој го води Клаудио Раниери. Го почитувам и го ценам тоа што тој го прави“, изјави стратегот на Јувентус.

Во составот Јувентус би можел да се врати Паоло Дибала кој се опоравува од повредата на коленото, а во нападот се очекува да играат Роналдо и Мората. Португалецот овие денови се најде во центарот на вниманието затоа што ги прекрши ковид-протоклите на италијанската влада и фудбалскиот сојуз.

Роналдо го искористи слбоодниот ден за својата партнерка Георгина Родригез да оди на скијање и така го напушти регионот Пјемонете што не е фозволено.

„Имаше слбооден ден, можеше да прави што сака. Погреши, мора да превземе одговорност за своите постапки“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…