Фудбалерите на Милан денес ги започнуваат припремите за новата сезона, а тренерот Пиоли зборуваше на пресконференција пред медиумите.
Пиоли истакна дека целта на раководството е да го засили тимот бидејќи оваа сезона Милан ќе настапува во Лигата на шампиони.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Меѓу другото зборуваше и за Донарума и Чалханоглу кои го напуштија Милан ова лето.
„За Џиџо и Чалханоглу имам највисоко мислење и имам одлични односи со сите фудбалери кои ги имав во тимот минатата сезона. Меѓутоа тие направија свој избор и сега не треба да гледаме назад туку напред. Раководството знае што е потребно, на местото од Чалханоглу ќе донесеме квалитетн играч. Сепак трансфер пазарот е се уште многу долг“, изјави Пиоли.
„Оваа сезона Серија А ќе биде исклучително интересна и седум клуба ќе се борат за врвот. Нашата цел е да се бориме за врвот и да бидеме изненадувње во Лигата на шампиони“, додаде Пиоли.