Дома Фудбал Италија Пиоли пред дербито со Интер: Ќе биде балансиран меч

Пиоли пред дербито со Интер: Ќе биде балансиран меч

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли очекува израмнет меч во утрешното дерби со Интер во Серија А.

Двата тима минатата сезона до последно коло се бореа за Скудетото, а оваа година Пиоли очекува повеќе клубови да се замешаат во трката за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Секој натпревар е различен, но ние ќе продолжиме да се држиме во нашите принципи на игра. Мораме да го задржиме идентитетот во текот на целиот меч без разлика што ќе се случи. Работиме на тоа. Утре ќе се сретнат два тима кои се познаваат многу добро. Очекувам многу дуели, кој ќе добие повеќе дуели, ќе го добие мечот“, изјави Пиоли.

„Многу сум задоволен од трансфер пазарот, пристигнаа играчи кои се млади, но квалитетни. Оваа сезона сигурно ќе биде побалансирана и неколку тимови до крај ќе се борат за Скудетото. Исто и утре, очекувам балансиран меч, но нашата цел е секако победа“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар моќно – го прегази Арсими на стартот од вториот дел од сезоната!

Лидерот во ПМФЛ, Вардар, со силна и убедлива партија го стартуваше пролетниот дел од сезон…