Стратегот на Милан, Стефано Пиоли смета дека резултатот од 3:0 не e реален, а лут е на поништениот гол во второто полувреме.
При водство на Интер од 2:0 Бенасер постигна гол кој можеби ќе го променеше текот на натпреварот, но тој гол се поништи поради офсајд од Калулу. Судиите го поништија голот затоа што сметаа дека Калулу го покрива видикот на Хандановиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакавме да победиме, но не успеавме да го направиме тоа, игравме против квалитетен тим. Но прикажаната игра на теренот мислам дека не е реален одраз на резултат, но Интер ги постигна головите во вистински момент. Кога ќе примите три гола тоа значи дека противникот одиграл добро, а вие сте грешеле. Но, ние игравме добро и креиравме шанси, сепак не ни одеше во завршницата“.
„За поништениот гол можете да ја видите реакцијата на Хандановиќ, дури не се ни пожали. Има ли некој голман кој не би реагирал на примен гол ако некој играч му пречи во видикот, тој не направи ништо, се пожали само на игра со рака што ја немаше“, изјави Пиоли.