Во последниот ден од преодниот рок минатата година Стефано Пиоли изненади кога од Кротоне на позајмица го доведе Жуниор Месијас.
Изгледаше дека тогаш само тренерот на „росонерите“ знае што прави со 30-годишниот Италијанец, но тој потег им се исплатеше затоа што Месијас одигра некои навистина добри натпревари во минатата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шест гола и три асистенции е сосема добар учинок за некој кој на 30 години го направи најголемиот трансфер во кариерата и доби прилика да заигра за еден од најголемите клубови во светот. Сега овој јануари Пиоли би можел да има ново изненадување.
Според информациите на „Калчомеркато“ Паоло Малдини добил задача во јануари да се обиде да го доведе фудбалерот на Блкбурн, Бен Берететон Диаз. Одличниот напаѓач сезонава игра добар фудбал, а има само 23 години.
Во Милан се свесни дека полека треба да го менуваат напаѓачкиот тандем затоа што и Жиру и Ибрахимовиќ се во залезот на кариерата. Минатата сезона во Чемпионшип Диаз постигна 22 гола и подели три асистенции.
Со добро темпо продолжи и оваа и досега има седум голови на 15 натпревари. Очигледно станува збор за одличен голгетер кој би можел да биде одличен тандем со Рафаел Леао.