Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не го криеше задоволството од победата на неговиот тим против Атлетико Мадрид.
Пиоли го пофали својот тим и истакна дека покажале зрелост и квалитет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Играчите имаат право да слават бидејќи одигравме одличен натпревар. Игравме со храброст и квалитет и до последен момент верувавме во себе. Мислам дека сме на вистинскиот пат и покажавме зрелост и квалитет“, изјави Пиоли.
Херој на „росонерите“ беше 30-годишниот Жуниор Месијас, кој само до пред три години играше во аматерски категории.
„Неговата приказна е неверојатна, но мислам дека ова е само почеток за него бидејќи тој има вистински квалитет. Имаше потешкотии кога дојде, имаше повреди, но сега навистина ќе му помогне на тимот“, истакна Пиоли.