Дома Фудбал Италија Пиоли: Мечот со Јувентус не е одлучувачки!

Пиоли: Мечот со Јувентус не е одлучувачки!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли истакна дека утрешното дерби со Јувентус е важно, но нема да биде одлучувачко за конечниот пласман  на табелата.

Милан после долги години како лидер го пречекува Јувентус на „Сан Сиро“, тимот е во одлична форма и нема пораз скоро една година. Сепак, Пиоли нема да може да смета на Ибрахимовиќ, Бенасер, Тонали и Салемакерс.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Јувентус е многу силен тим и полека влегува во добра форма. Очекувам да видам еден агресивен Јуве, но ние сакаме да победи и на овој натпревар. Ова дерби е посебно и тоа го знаеме. Меѓутоа, сезоната е маратон, сега сме на половина, па овој меч сигурно нема да биде одлучувачки“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oткриено која е убавицата која се појави во Хрватска и го „запали“ регионот (Фото)

Натпреварот помеѓу Осиек и Славен Белупо заврши без погодоци во саботата, но медиумите беа…