Дома Фудбал Италија Пиоли го посочи главниот проблем: Примаме глупави голови

Пиоли го посочи главниот проблем: Примаме глупави голови

Милан синоќа се спаси од пораз на гостувањето кај Удинезе со голот на Ибрахимовиќ во последните минути.

„Росонерите“ влегоа во серија на лоши резултати, а тренерот Пиоли го посочи главниот проблем на тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Примаме навистина глупави голови, тоа е така бидејќи ја губиме топката, бидејќи носиме погрешни одлуки и играме премногу централно наместо да ја шириме. Не знам дали тоа е од недостаток на самодоверба, мора да бидеме повнимателни кога ја имаме топката во нозе“, изјави Пиоли.

„Мислам дека паднавме малку во дефанзивата во последните неколку натпревари, не сме паметни кога ги почнуваме акциите од дефанзивата, оставаме простор. Тоа е тактичко прашање на кое треба да работиме. Потребен ни е повеќе фокус и квалитет, во спротивно нашиот стил е ставен под ризик“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…