Репрезентацијата на Србија вчера славеше победа над Црна Гора со 3:1 и така дојде на чекор од пласман на Европското првенство.
На избраниците на селекторот, Драган Стојковиќ-Пикси потребно им е само уште еден бод за да го обезбедат пласманот. Интересна беше изјавата на Пикси кој веќе им порача на српските навивачи да резервираат хотели во Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Момците заслужуваат пофалби за она што го одиграа, јас бев мирен, екипата беше подготвена и немаше воопшто нервоза. За вечерашниот натпревар бевме максимално подгтвени, а момците знаеа да бидат трпеливи и на теренот“, изјави Пикси.
Публиката на „Рајко Митиќ“ по првото полувреме на паузата испрати свирежи за фудбалерите кои подоцна се покажа дека биле непотребни.
„Бев мирен ноќта пред натпреварот, имам чесен однос со фудбалерите и нацијата, не лажам. Кај нас не постои мислата дека можеме да изгубиме од Бугарија. Време е полека навивачите да резервираат хотели во Германија“, порача српскиот селектор.