Барселона овој викенд гостуваше кај Гетафе и стигна до победа со резултат 2:0.
Каталонците запишаа нови три бода, но многу повеќе се зборуваше за изјавата на Пике после натпреварот, отколку за победата на Барса.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Стоперот на клубот од „Камп Ноу“ го критикуваше раководството на клубот затоа што стои зад неодамнешната статија во која се критикува моќта на Пике во соблекувалната.
„Мора да бидеме заедно, и кога ќе кажам заедно, мислам и на навивачите и на раководството“ – изјави Пике пред новинарите после натпреварот.
„Го познаваме клубот многу добро, ги знаеме весниците и знаеме кој ги пишува текстовите, дури и ако некој друг ги потпише“, додаде Шпанецот.
На управата на клубот не им се допаднала изјавата на Пике и денеска веднаш го повикала на разговор бидејќи сметаат дека тоа што го изјавил играчот на Барселона во реалноста нема основа.