Дома Фудбал Пике херој за Каталонците во ватерполо мечот против Еспањол (ВИДЕО)

Пике херој за Каталонците во ватерполо мечот против Еспањол (ВИДЕО)

Барселона не успеа да слави во градското дерби против Еспањол, во рамки на 22. коло во Примера, каде обете екипи ремизираа со резултат 1:1.

Со оглед на условите во кои се одигра, односно лошата состојба на стадионот, натпреварот и не беше така лош.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Второто полувреме повеќе личеше да ватерполо поради теренот, отколку на фудбал. А екипата на Санчез Флорез ја имаше победа во рака, како неодамна во Купот. Поведе Еспањол кога Гарсија центрираше, а со глава во мрежата на Барселона ја смести Џерар Морено.

Барселона се спаси од пораз благодарение на Џерар Пике и тоа со погодок со глава по корнерот изведен на осум минути пред крајотна мечот. Инаку, Лео Меси натпреварот го почна од клупата, но во 59. минута мораше да влезе во игра и токму тој асистираше на Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…