Дома Топ вести Пике предизвика скандал: Не ми е гајле дали ќе ме казнат!

Пике предизвика скандал: Не ми е гајле дали ќе ме казнат!

Жерард Пике не можеше да ја смири нервозата и страста после ремито против Виљареал и предизвика скандал.

Имено, по завршувањето на мечот Пике се упати кон свечената ложа, каде со прст покажа кон претседателот на Примера, Хавиер Тебас, кој е нескриен навивач на Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Пике му се обрати со зборовите: „Дали го виде ова? Да, баш тебе ти се обраќам! Го виде ли ова?

Дефанзивецот алудираше на двете сомнителни ситуации во шеснаесетникот на Виљареал за кои играчите на Барселона бараа пенал.

Бруно Сориано два пати играше со рака во шеснаесетникот на Виљареал и ништо. Да, видов дека и Маскерано играше со рака, но тука зборуваме за намера и за ненамерно удирање. Не ми е гајле дали Ла Лига ќе ме казни, ќе продолжам да ја кажувам вистината и она што го гледам. Судиите секоја недела ме уверуваат дека сум во право”, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Детали за роденденската забава на Јамал: Добил синџир на подарок вреден 400.000 евра

Еден од најочекуваните родендени последните години во светот на фудбалот доби гламурозна, …