Фудбалерите на Барселона претходниот викенд ремизираа на гостувањето против градскиот ривал Еспањол (1:1) во натпревар од 22. коло од шпанската Ла Лига.
И покрај тоа што екипата на Валвреде не успеа да запише победа и натаму има предност од 19 бодови во однос на Реал Мадрид, кој ден претходно одигра 2:2 против Леванте. Барса беше пред пораз против градскиот ривал, но бод им донесе Пике во финишот на натпреварот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пике константно беше на удар на навивачите на Еспањол, а неговата прослава на голот уште толку ги налути. “Војната“ меѓу Пике и навивачите на Еспањол трае веќе некое време, а Еспањол бараше играчот на Барса да биде казнет за прославата на голот. Сепак, Пике тврди дека тоа е најмалку што можел да направи откако навивачите на Еспањол ја навредувале неговата сопруга.
„Прославата? Па тоа е најмалку што можев да направам после тие навреди против мене и моето семејство.“ – изјави Пике